сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 81
home Фудбал

Милевски ја почитува одлуката на Пандев, Јаховиќ е желен да се врати а Чурлинов подготвен за А тимот

Милевски ја почитува одлуката на Пандев, Јаховиќ е желен да се врати а Чурлинов подготвен за А тимот

Новиот предводник на Македонија, Благоја Милевски одговори по однос на шпекулациите за евентуелен кам-бек на Горан Пандев, како и на тој на Адис Јаховиќ но и објасни како гледа на Дарко Чурлинов.

„Мислам дека Горан беше категоричен, околу неговото играње во репрезентацијата, јас можам само да му се заблагодарам за се што направи досега а моја работа е заедно со стручниот штаб да се обидеме да направиме се што можеме за што е можно помалку да се почувствува празнината која настана со неговото пензионирање. Дарко Чурлинов во У21 покажа потенцијал и квалитет така да ќе биде приклучен во А тимот, на него останува да се наметне, дали ќе биде конкурентен со сите, јас верувам и мислам дека е. Адис Јаховиќ веќе остварив стредба со Адис, и не само со него туку и со поголемиот дел од потенцијалните репрезентативци. Адис се стави на располагање ако е потребно за фудбалската репрезентација. Се надевам дека сите ќе биде конкурентни во своите клубови а со тоа ќе се наметнат и за повик во репрезентацијата.“ – објасни Милевски пред новинарите на денешната промоција.

Милевски исто така најави дека за повик во А тимот, предност ќе добиваат фудбалерите кои се во најдобар натпреварувачки ритам, и се надева оти нема да мора да повикува играчи кои не играат редовно, а уште помалку фудбалери кои во тој момент немаат клуб.

Коронавирус