четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Милевски: Додека сум селектор секогаш ќе ги бранам националните интереси

Милевски: Додека сум селектор секогаш ќе ги бранам националните интереси

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација до 21 година Благоја Милевски, денеска ќе ја одработи суспензијата од еден натпревар, добиена на натпреварот со Русија.

Тој нема да ги предводи „црвено-жолтите“ на натпреварот со Австрија на гости попладне од 18 часот.

– Репрезентацијата за мене секогаш ќе биде над се. Додека сум на оваа позиција секогаш ќе ги бранам интересите на нашата селекција и никогаш нема да дозволам некој да се подигрува со угледот на тимот и федерацијата која ја претставувам. Уште повеќе по нечиј одлуки кои го газат трудот на фудбалерите и прават да се чувствуваме дека сме со пониска вредност во однос на противникот, изјави Милевски за веб страницата на ФФМ.

Македонскиот селектор смета дека е казнет неправедно.

– Правилата се јасни, имаме право на замена во судиското надополнување, но не ни дозволија иако имаше две можности тоа да го направиме. Се надевам дека ќе бидеме исто толку мотивирани и борбени како против Русија. Ако одиграме на тој начин, нема причина за грижа, сеедно каков ќе биде исходот. За нас фудбалот треба да биде на прво место и на тој начин и се однесуваме, вели Милевски.

Репрезентацијата во Австрија од клупата ќе ја предводат Роберт Стојановски и Звонко Златановски

Коронавирус