сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 53
home Фудбал

Милевски до 2024 година со селекторски мандат во Македонија!

Милевски до 2024 година со селекторски мандат во Македонија!

Благоја Милевски, селекторот кој ја предводеше У21-репрезентацијата на Македонија, ја почнува ерата во сениорскиот национален тим каде ќе дојде на местото прв предводник на најдобрата фудбалска селекција.

Милевски доаѓа меѓу сениорите со високи амбиции од јавноста, кои доаѓаат по пласманот на Европското првенство (ЕП). Популарниот Сер Боби, кој во првиот тим познава единаесет играчи од својата генерација со која се пласираше на ЕП 2017 за играчи до 21 година, ќе биде осумнаесеттиот селектор на Македонија вклучувајќи ги и в.д предводниците, а е наследник на Игор Ангеловски. Договорот на двете страни е до 2024 година.

ДОСЕГАШНИ СЕЛЕКТОРИ НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА

Андон Дончевски, Ѓоко Хаџиевски, Драги Канатларовски, Ѓоре Јовановски, Никола Илиевски, Слободан Сантрач, Бобан Бабунски (в.д), Среќко Катанец, Мирсад Јонуз, Влатко Костов (в.д), Џон Тошак, Гоце Седлоски (в.д), Чедомир Јаневски, Зоран Стратев (в.д), Бошко Ѓуровски, Љубинко Друловиќ, Игор Ангеловски

Од сите селектори, најдолго на столчето издржа токму Игор Ангеловски, кој пет години работеше со националниот тим и зад себе има резултати и бројки кои статистички го прават најуспешниот селектор во историјата.

Коронавирус