четврток, 9. декември 2021. Вести денес: 81
home Фудбал

Милер им се извини на навивачите за катастрофалниот пораз од Борусија Менхенгладбах

Милер им се извини на навивачите за катастрофалниот пораз од Борусија Менхенгладбах

Фудбалерот од средниот ред на Баерн, Томас Милер им се извини на навивачите за катастрофалниот пораз од Борусија Менхенгладбах.

Баварците синоќа на гостувањето во Менхенгладбах загубија со 5:0 во 1/16-финалето на Купот на Германија.

– Ништо не ни одеше. Не успеавме да го запалиме нашиот мотор. Останува само да им се извиниме на нашите навивачи и на Борусија. Со исклучок на Ноер, сите одиграа лошо. Ова никогаш не ми се случило. Многу тешко. Треба да го оставиме овој пораз зад нас, затоа што треба да играме во првенството во сабота, изјави Милер за официјалниот сајт на Баерн.

Поразот од Борусија Менхенгладбах е прв за Баерн по 43 години со пет или повеќе голови разлика.

Коронавирус