вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 175
home Фудбал

Милан заинтересиран за Кваљарела

Милан заинтересиран за Кваљарела

Италијанскиот фудбалски клуб Милан ја разгледува можноста во јануарскиот преоден рок во своите редови да го донесе напаѓачот на Сампдорија, Фабио Кваљарела, тврди „Спорт Медиасет“.

Според медиумот, „росонерите“ бараат искусен напаѓач пред зимата и веќе разговарале со агентот на играчот, Бепе Ботцо.

Прва варијанта за „росонерите“ беше Златан Ибрахимовиќ, но 37-годишниот Швеѓанец нема намера да игра на „Сан Сиро“ и ќе остане во Л.А.Галакси.

Триесет и петгодишниот Кваљарела постигна осум гола и има пет асистенции во Серија „А“ од почетокот на сезоната.

Oд Милан се надеваат да потпишат договор со него за шест месеци, со опција за останување уште една сезона.

МИА

Коронавирус