петок, 6. декември 2019. Вести денес: 164
home Фудбал

Милан за 14 години во минус од 730 милиони евра

Милан за 14 години во минус од 730 милиони евра

Италијанскиот фудбалски гигант Милан во последните 14 години има финансиска загуба од 730 милиони евра. Само во последната сезона клубот направи дефицит од околу 126 милиони евра, објавија денеска „росо-нерите“.

Најновиот финансиски извештај на Милан ​​покажа минус од 53 милиони евра во споредба со претходната година.

Навивачите на седумкратниот европски шампион очекуваа стабилен Милан по добивањето на новите сопственици пред шест месеци, но од доаѓањето на американскиот конзорциум Елиот, наместо кинескиот Ли Јонгхонг, загубата е 22,3 милиони евра.

Ли, кој беше во клубот две години кога дојде наместо Силвио Берлускони, зема кредит и вложи ви големи трансфери, кои не дадоа резултат. Затоа Американците го ангажираа Иван Газидис од Арсенал за нов директор, а во клубот беа поставени и легендите Паоло Малдини и Леонардо.