петок, 11. јуни 2021. Вести денес: 137
home Фудбал

Милан убедливо го совлада и му одржа лекција на Јувентус

Милан убедливо го совлада и му одржа лекција на Јувентус

Јувентус и Милан играа меч кој може да биде клучен за тоа кој ќе игра во Лигата на шампионите следната сезона а кој не во кој росонерите победија убедливо со 3-0.

Резултатот беше отворен во судиското продолжение од првото полувреме кога Диаз постигна убав гол за водство на Милан од 1-0. Во 58. минута по игра на Кјелини со рака беше покажан пенал за Милан кој го промаши Кеси.

Во 78. минута Анте Ребиќ постигна прекрасен гол од далечина за водство на Милан од 2-0. Четири минути подоцна Томори со глава ги постигна конечните 3-0. На три кола до крајот Милан е на третото место со три бода пред Јувентус кој е на петтата позиција.

ЕУРО 2020

Македонија