среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 181
home Фудбал

Милан работи деноноќно за да го убеди Ракитиќ да дојде на „Сан Сиро“

Милан работи деноноќно за да го убеди Ракитиќ да дојде на „Сан Сиро“

Милан работи напорно за привлекување на играчот од средниот ред на Барселона, Иван Ракитиќ, пренесува „Мундо Депортиво“.

Според најновите информации, спортскиот директор на тимот Звонимир Бобан лично ја преземал задачата да го убеди својот сонародник да пристигне на „Сан Сиро“ и да му помогне на тимот да се врати на нозе во наредните неколку сезони.

Добро е познато дека искусниот фудбалер не е стартер кај Каталонците заради присуството на младиот Френки де Јонг, кој завладеа во средниот ред од пристигнувањето од холандскиот шампион Ајакс.

Името на Ракитиќ е силно поврзано и со другиот голем тим од Милано – Интер.

Во секој случај, Барселона ќе се раздели со него во јануари, како што е и желбата на самиот фудбалер.