вторник, 25. февруари 2020. Вести денес: 27
home Фудбал

Милан преговара за трансфер на Немања Матиќ

Милан преговара за трансфер на Немања Матиќ

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер јунајтед Немања Матиќ може да ја продолжи кариерата во Милано, објави „Ла газета дело спорт“.

Според италијанскиот медиум, калчолигашот Милан веќе преговара со Манчестер јунајтед за трансфер на 31-годишниот Србин.

„Росо-нерите“ сакаат да го потпишат Матиќ во зима, но интерес за играчот пројавуваат и Атлетико Мадрид и Чикаго.

Во тековната сезона, Матиќ настапи на шест натпревари во Премиер лигата без забележителен ефект.