среда, 31. мај 2023. Вести денес: 105
Во живо

Трибина на тема „Политики за развој енергетскиот сектор“

home Фудбал

Милан планира да го врати Ибрахимовиќ на „Сан Сиро“

Милан планира да го врати Ибрахимовиќ на „Сан Сиро“

Италијанскиот фудбалски клуб Милан е заинтересиран повторно да го врати Златан Ибрахимовиќ на „Сан Сиро“.

Шведскиот фудбалер пред шест години настапуваше за италијанскиот клуб, а сезонава игра за Лос Ангелес Галакси, со кој има договор до 2019 година.

Како што објавија италијанските медиуми Милан има потреба од играч во нападот, а тренерот Џенаро Гатузо инсистирал тоа да биде фудбалер кој веќе имал искуство во Серија А.

Наводно бил постигнат договор тоа да биде 37-годишниот Ибрахимовиќ, а раководството на Милан испратило понуда во јануари да дојде во италијанскиот клуб и да потпише договор до крајот на сезоната.

Ибрахимовиќ две сезони настапуваше за Милан и постигна 56 голови.