вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 56
home Фудбал

Милан не знае за пораз, падна и Рома

Милан не знае за пораз, падна и Рома

Италијанскиот фудбалски клуб Милан стигна до десетата победа во италијанското првенство откако славеше во дербито на 11. коло на гостувањето против Рома со 1-2. „Росонерите“ денеска беа далеку подобар противник и сосема заслужено стигнаа до нов триумф.

Ибрахимовиќ го отвори резултатот  а овој резултат остана на семафорот до крајот на првото полувреме. Швеѓанецот повторно стрелаше во 50. минута, но тој погодок беше поништен поради офсајт, но седум минути подоцна гостите стигнаа до посакувната предност од 2-0 откако Кеси реализираше пенал.

„Росонерите“ останаа со играч помалку во 66. минута откако Тео Хернандез го заработи и вториот црвен картон, а тоа го искористи Рома за во третата минута од судиското продолжение преку Ел Шарави да го ублажи поразот.

Со овој триумф Милан останува на врвот на табелата заедно со Наполи со по 31 освоен бод, а Рома го завзема четвртото место на табелата со 19 освоени бода.

Коронавирус