недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 90
home Фудбал

Милан наскоро ќе им врачи отказ на Малдини и Бобан?!

Милан наскоро ќе им врачи отказ на Малдини и Бобан?!

После три месеци од новата сезона, челниците на Милан размислуваат за смена на водечката двојка за спортскиот сегмент – Пауло Малдини, Звонимир Бобан.

Според „Калчомеркато“, одлуката за судбината на дуото ќе ја донесе извршниот директор на клубот, Иван Газидис, заедно со сопствениците.

Евидентно е дека Милан слабо влезе во сезоната, а Малдини и Бобан сметаат дека челниците направиле грешки при изборот на двата тренери. Прво, клубот го предводеше Марко Џампаоло, а потоа дојде Стефано Пиоли, но не се виде никаков напредок во играта на и онака очајниот Милан.

Сопствениците, наводно, сега бараат да го ангажираат германскиот стручњак Ралф Рангник и да му ја дадат улогата на тренер и спортски директор. Инаку, тој го напушти Ред Бул Лајпциг минатата сезона и сега е шеф на спортскиот оддел на клубот.

Инаку, по 13 одиграни натпревари, Милан е на 12-то место во Серија А со само 14 бода, а јасно е дека Малдини и Бобан немаат направено речиси ништо позитивно откако пристигнаа во славниот клуб од „Сан Сиро“.

Коронавирус