петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Милан најверојатно ќе остане без парите од Лига Европа

Милан најверојатно ќе остане без парите од Лига Европа

Тимот на Милан може да биде казнет и да не ги добие парите што му следуваат за учество во европските клубски турнири.

Претседателот на „росонерите“, Паоло Скарони откри дека санкцијата најверојатно ќе биде наметната поради прекршувањата на правилата за финансиски фер-плеј од страна на италијанскиот клуб.

– Се уште ја очекуваме одлуката. УЕФА може да не остави без износите кои ни следуваат за учество во Лига Европа, откри шефот на клубот.

Во летото, УЕФА го отстрани Милан од учество во Лига Европа, но по жалбата, Арбитражниот суд во Лозана ја поништи одлуката.

Сега сепак се очекува санкцијата да биде финансиска. (МИА)

Коронавирус