четврток, 28. октомври 2021. Вести денес: 205
home Фудбал

Милан на местото на Чалханоглу носи ѕвезда на Реал Мадрид

Милан на местото на Чалханоглу носи ѕвезда на Реал Мадрид

Милан остана без услугите на Хакан Чалханоглу кој ги промени клупските бои, па миланскиот клуб веќе тргна во потрага по фудбалер кој ќе ги пополни неговото место, а како главна желба на „црвено-црните“ се јавува ѕвездата на Реал Мадрид, Иско.

Дваесетидевет годишникот во последните две години е „заборавен“ на клупата на „кралскиот клуб“, а тоа ќе се обиде да го искористи Милан со договор за позајмица до крајот на сезона со можност за откупување на истиот по завршувањето на истата.

Заминувањето на Иско од редовите на Реал Мадрид беше тема на разговор и во последните неколку години, а се чини дека овој пат Шпанецот и конечно ќе го напушти главниот град по осум сезони поминати во „белиот“ дрес.

Локални избори 2021