недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 93
home Фудбал

Милан му нуди 6 милиони евра на Ибрахимовиќ

Милан му нуди 6 милиони евра на Ибрахимовиќ

Раководството на Милан му понудило на Златан Ибрахимовиќ повторно да заигра на „Сан Сиро“. 38-годишниот напаѓач последен пат играше во американскиот Л.А. Галакси, но ќе замине во декември. Сега „росонерите“ едвај чекаат да го вратат во Милано, нудејќи му договор за шест месеци, кој може да биде продолжен за уште една година, со вкупна вредност од 6 милиони евра, пренесува „Газета Дело Спорт“.

Сега останува на Швеѓанецот да процени дали овој предлог му одговара. Пред извесно време, имаше извештаи дека Златан сака 1 милион евра месечно, но беше јасно дека Милан не може да му понуди таков договор.

Разговорите за привлекување на Ибра се одвиваа меѓу спортскиот директор на Милан, Звонимир Бобан и агентот на играчот Мино Рајола. Првата понуда на „росонерите“ беше за 6 месеци, но после тоа беше додадена опцијата за продолжување за уште 12 месеци. Фудбалерот изјави дека ќе го даде својот одговор во наредните недели.

Ибрахимовиќ играше во Милано од 2010 до 2012 година. Во тие две години тој постигна 56 голови на 85 натпревари за „росонерите“.