четврток, 6. август 2020. Вести денес: 67
home Фудбал

Милан ќе му понуди на Ибрахимовиќ едногодишен договор со опција да се продолжи за уште една сезона

Милан ќе му понуди на Ибрахимовиќ едногодишен договор со опција да се продолжи за уште една сезона

Напаѓачот Златан Ибрахимовиќ е подготвен да остане во Милано, објави „Corriere della Sera“.

Италијанскиот клуб ќе му понуди на Швеѓанецот едногодишен договор, со можност за продолжување на уште една година доколку „росонерите“ изборат учество во Лигата на шампиони.

Платата на Ибрахимовиќ ќе биде пет милиони евра, плус бонуси врзани за индивидуалниот и тимскиот успех. Доколку се активираат сите дополнителни поени, заработката на Златан ќе надмине шест милиони евра, на кои тој смета.

И покрај неговата возраст, 38-годишниот Швеѓанец стана лидер во нападот на Милан по доаѓањето на почетокот на годината.

На 19 натпревари во Серија А и во Купот на Италија, тој постигна 10 голови. (MИА)

Коронавирус