среда, 2. декември 2020. Вести денес: 13
home Фудбал

Милан има резервни опции за нов напаѓач

Милан има резервни опции за нов напаѓач

Милан ќе се потруди да привлече во јануарскиот трансфер прозорец еден од двајцата напаѓачи на Ливерпул, Дивок Ориги и Даниел Стариџ, откако не успеа враќањето на Златан Ибрахимовиќ во клубот, тврди „Газета дело Спорт“.

Швеѓанецот е основната трансферна цел на составот, но неговото пристигнување на „Сан Сиро“ нема да се исполни заради семејството на Ибра, кое исклучително добро се чуствува во Лос Анџелес, и откако неговата жена и двата сина, немаат желба да одат во Италија.

Јирген Клоп ги искористи двајцата напаѓачи пред се како резерви, така што не е никаков проблем за тимот од Милан да привлече еден од нив во составот, било да е под наем или пак за постојано.

Меѓу другите опции пред тимот се Алесандре Пато, како и Педро Гилерме од Флуминензе.

Коронавирус