понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 129
home Фудбал

Милан има намера во јануари да потпише договор со Иско

Милан има намера во јануари да потпише договор со Иско

Играчот за врска на Реал Мадрид, Иско, може да ја продолжи кариерата во Италија, пренесува „Todofichajes“.

Според шпанскиот спортски портал, Милан е заинтересиран за 29-годишниот фудбалер. Италијанскиот клуб одржа разговори со Шпанецот и се надева дека веќе во следниот трансфер рок ќе биде склучен договор.

Минатата сезона, Иско одигра 29 натпревари, на кои постигна две асистенции.

На светската фудбалска берза, вредноста на Иско се проценува на 18 милиони евра.  (МИА)

Локални избори 2021