понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 141
home Фудбал

Милан го тужи Лацио за расистичко скандирање на навивачите против Бакојако и Кеси

Милан го тужи Лацио за расистичко скандирање на навивачите против Бакојако и Кеси

Тужба до Италијанската фудбалска федерација поднесе прволигашот Милан поради расистичките скандирања на навивачите на Лацио за време на минатонеделното дерби во Серија А.

Фудбалерите на Милан, Тимуе Бакајоко и Франк Кеси, вложија жалба по натпреварот дека биле навредувани на расна основа од навивачите на римскиот прволигаш.

– Некои навивачи на Лацио не навредуваа мене и Кеси. Ние сме горди на бојата на својата кожа и веруваме дека Милан ќе стори сè за да ги идентификува, изјави Бакајоко.

„Наша морална должност е да го пријавиме секој облика на дискриминација. Фудбалот и неговите институции мораат да бидат сложни во искоренување ваквите појави“, порача извршниот директор на Милан, Иван Газдитис.

Локални избори 2021