четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 33
home Фудбал

Милан го казни Кеси со 40.000 евра поради скандалот со Билија

Милан го казни Кеси со 40.000 евра поради скандалот со Билија

Раководството на Милан одлучи да го казни својот фудбалер Франк Кеси со 40 илјади евра поради скандалот со својот клубски колега, Лукас Билија.

Кеси и Билија влегоа во конфликт за време на дербито помеѓу Милан и Интер (2:3).

Кеси беше заменет во 69-тата минута од Андреа Конти и изгледаше многу вознемирен како од својата лоша изведба, така и од резултатот, кој во тоа време беше 3:1 во корист на Интер. На патот кон своето место на клупата, очигледно 33-годишниот Билија му рече нешто на својот соиграч, кој реагираше исклучително остро.

Кеси на неколку пати замавна заканувачки, во обид да нанесе удар, а единствено брзите реакции на Инацио Абате, Рикардо Родригез и Фабио Борини спречија ситуацијата да ескалира.

„Росонерите“ почекаа дазавршат меѓународните обврски и Кеси да се врати за да го информираат за паричната санкција.

Малку е веројатно дека тој ќе се најде во сметките на Џенаро Гатузо за претстојниот натпревар против Сампдорија кој е во текот на викендот. (МИА)

Коронавирус