среда, 23. јуни 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Милан донесе нов лев бек од унгарски второлигаш (ВИДЕО)

Милан донесе нов лев бек од унгарски второлигаш (ВИДЕО)

Фудбалскиот клуб Милан се засили со 17 годишниот Милош Керкез кој доаѓа од втората унгарска лига, односно од тимот на Ѓер. Керкез е роден во Србија, но во иднина сака да игра за унгарската репрезентација, поради потеклото на неговото семејство, но и поради фактот што се чувствувал како дома во Унгарија додека настапувал за Ѓер.

Скаутите на „росонерите“ биле импресионирани од младиот Керкез во кого гледаат иден наследник на Тео Ернандез. Керкез на почетокот ќе настапува во младинскиот тим на „росонерите“, па ако се докаже меѓу младинците тогаш од следната сезона можеби ќе добие прекоманда во првиот состав.

Милан статистички има најмлада екипа во ТОП 5 лигите во Европа со просечна старост од околу 24,5 години.

ЕУРО 2020

Македонија