петок, 13. декември 2019. Вести денес: 122
home Фудбал

Михајловиќ заврши со хемотерапија – се чекаат резултатите

Михајловиќ заврши со хемотерапија – се чекаат резултатите

Синиша Михајловиќ денеска беше пуштен на домашно лекување, откако ја мина и третата фаза од хемотерапија во битката со тешката болест.

Неговата сопруга објави заедничка фотографија на инстаграм-профилот со посвета: „Не постои поубава работа… Повторно дома“.

Стратегот на Болоња и неговото семејство, но и целокупната фудбалска јавност е во исчекување на најновите резултати за здравствената состојба, односно дали и колку трите серии на третмани со хемотерапија вродиле со плод.

И за време на болеста Михајловиќ остана на функцијата шеф на стручниот штаб на Болоња, па доколку добие зелено светло од лекарите тој би се вратил на секојдневно извршување на работните задачи во клубот.