вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 157
home Фудбал

Михајловиќ убеден во ангажман на играчот кој ја разбесни цела Македонија: Имавме недоразбирања, но….

Михајловиќ убеден во ангажман на играчот кој ја разбесни цела Македонија: Имавме недоразбирања, но….

Синиша Михајловиќ ќе се обиде да го извади најдоброто од Болоња и во новата натпреварувачка сезона, но српскиот стручњак е свесен дека му се потребни одредени засилувања кои ќе овозможат кампањата да биде доста покомотна за неговиот тим.

Болоња минатата сезона доста многу се мачеше со реализацијата, па токму поради тоа, една од примарните цели на стартот на летниот преоден рок е напаѓачката позиција за која веќе клубот има пикирано јасен фаворит.

Станува збор за фудбалерот кој ја разбесни цела македонската јавност на Европското првенство, контроверзниот Марко Арнаутовиќ кој влезе во жестока и невкусна расправија со Џани Алиоски, а за која подоцна беше казнет од страна на УЕФА.

Австрискиот репрезентативец е решен да се врати во Европа по двете години минати во Кина, а Миха сега за првпат проговори за трансфер случувањата и навести дека Марко е пред трансфер во Болоња.

Италијанските медиуми најавуваат дека зделката треба да биде комплетирана во наредните неколку дена, со тоа што италијанскиот клуб ќе треба да исплати отштета од 3 милиони евра на кинескиот Шангај Порт.

– Да бидам искрен, постојано бевме убедени дека Марко нема никакви дилеми за тоа дали треба да пристигне кај нас. Клубот ќе направи се за да го обезбеди и да ни го донесе тука. Имавме некои недоразбирања со кинескиот клуб, но сега убеден сум дека ќе дојде кај нас, – изјави Михајловиќ.

Коронавирус