среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 49
home Фудбал

Михајловиќ ќе добие отказ по дебаклот од Интер, позната е веќе неговата замена

Михајловиќ ќе добие отказ по дебаклот од Интер, позната е веќе неговата замена

Италијанскиот фудбалски клуб Болоња претрпе убедлив пораз од Интер од 6-1 на вечерашното гостување во Милано, пораз кој може да биде кобен и за тренерот Синиша Михајловиќ.

Тутомеркато“ пренесува дека во Болоња веќе размислуваат за смена на Михајловиќ по овој дебакл и покрај тоа што екипата има освоено седум од можните 12 бода во досегашниот дел од Серија А.

Истиот овој извор информира дека прв пик за наследник на Михајловиќ е легендата на италијанскиот фудбал, Даниеле Де Роси. Де Роси беше дел од стручниот штаб на Роберто Манчини на Европското првенство на кое Италија дојде до пехарот.

Даниеле повеќе не е таму и ако ја преземе Болоња ова за него ќе биде прво самостојна тренерска работа во кариерата.

Локални избори 2021