Јувентус синоќа оствари важен триумф во битката за Скудето сезонава со 0:2 на гостувањето кај Болоња.
Иако според навивачите имало на оваа средба многу контроверзи, Сари од друга страна порача по победата дека Јувентус е повторно оној стариот и добар тим.
Но според тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ, неговата екипа била оштетена при неколку судиски одлуки на оваа средба.
„Пенал секогаш може да има кога има и турканици пред голот. Но штета е што мора да се чека Јувентус да го пронајде судијата кој тоа ќе го види и ќе и досуди удар од белата точка. Многу слични ситуации имавме во наша корист сезонава, но тогаш судиите не гледаа дека има пенал“, порача Михајловиќ.