понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 5
home Фудбал

Михајловиќ ги шокира „Делије“: Пехарот од Бари го скршивме, Панчев го носеше по свадби

Михајловиќ ги шокира „Делије“: Пехарот од Бари го скршивме, Панчев го носеше по свадби

Легендарниот српски фудбалер Синиша Михајловиќ откри неверојатни детали во врска со пехарот кој Црвена Звезда го освои во 1991 година во тогашниот Куп на европски шампиони.

Иако се работи за најдрагоцениот пехар во светскиот клупски фудбал, тренерот на Болоња тврди дека тој и неговите соиграчи воопшто не внимавале на него.

„Тој пехар беше секаде. Јас го носев во Борово, Југовиќ го носеше кај себе. Потоа стоеше кај Биниќ во кола, во гепекот и како што одевме во некој локал, го земавме, го стававме на масата и почнувавме со пиење.

Доаѓа Панчев и вели: Дај ми го пехарот, ми треба да го носам на свадба. И Биниќ му го дава, тој го носи во Македонија по свадби. Тој пехар беше целиот лом и мораа да направат нов. Оној од Маракана не е оригинал, да знаете, направен е повторно бидејќи оригиналниот беше искршен“, открива Михајловиќ.

Локални избори 2021