понеделник, 8. март 2021. Вести денес: 205
home Фудбал

Месут Озил нов играч на Фенербахче

Месут Озил нов играч на Фенербахче

Фудбалерот за врска Месут Озил се приклучи на турскиот клуб Фенербахче. Поранешниот играч на Арсенал потпиша 3,5-годишен договор со истанбулскиот тим.

Фенербахче објави и фотографија од Озил откако беше подложен на лекарски преглед. -Јас сум навивач на Фенербахче. Затоа, јас сум многу среќен што сум во Турција. Бог ми даде можност да играм овде. Ќе се обидам да му помогнам на тимот. Долго време не сум на теренот, но сум во добра форма, изјави Озил.

Претходно беше објавено дека Арсенал ќе ја исплаќа платата на Озил во следните шест месеци. Потоа играчот ќе започне да заработува 5 милиони евра годишно во Фенербахче.

Коронавирус