вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 156
home Фудбал

Меси значи и заминување на многу играчи: ПСЖ продава дури 10 фудбалери поради Аргентинецот

Меси значи и заминување на многу играчи: ПСЖ продава дури 10 фудбалери поради Аргентинецот

Лионел Меси оваа недела би требало да потпише за ПСЖ. Француските медиуми јавуваат клубот од Париз е подготвен да му даде 40 милиони евра годишно на Аргентинецот, а за да дојде до тие пари е подготвен да продаде дури десет фудбалери.

Иако целосниот попис играчи кои се на трансфер листата не е објавен, се тврди дека меѓу нив се Абду Диало, Тило Керер, Идриса Гана Геје и Рафиња.

А од клубот би можеле да заминат и Мауро Икарди и Андер Ерера, ако добијат добри понуди. На трансфер листата не е ставен Килијан Мбапе, иако се уште го нема продолжено договорот со ПСЖ. Наводно во клубот веруваат дека доаѓањето на Меси, ќе биде причина Мбапе да биде убеден да остане во Париз.

Инаку, ПСЖ летово го доведе Ашраф Хакими, Серхио Рамос, Џанлуиџи Донарума и Џеорџинио Вајналдум. Со нив и Меси во клубот, клубот од Париз сигурно ќе стане прв фаворит за титула во Лигата на шампионите.

Локални избори 2021