четврток, 2. јули 2020. Вести денес: 107
МЕГА БОМБА

АУДИО: Објавена нова бомба за Заев – „Маме ќе им e*aм на сите што ќе влезат кај мене во коалиција“

home Фудбал

Меси тренира сам веќе втор ден

Меси тренира сам веќе втор ден

Лионел Меси не е дел од тимските активности на Барселона веќе втора последователна тренинг сесија, јавуваат шпанските медиуми.

Денес, како и во средата, капитенот на „Лос Кулес“ остана во фитнес салата за индивидуални вежби. Од „Камп Ноу“ не објавија ништо за причините и навивачите на каталонскиот тим се загрижени.

Првично, извори од клубот уверија дека Лео е здрав и ќе продолжи со тренингот според планот. Според „ТВ3“, сепак, „Ла Пулга“ се подложил на магнетна резонанца, која покажала повреда, што го става под знак прашалник за претстојниот натпревар со Мајорка на крајот на следната недела.

Семуел Умтити, Ансу Фати и Мончу тренираат на лесен режим поради неодамнешни проблеми.

Следната тренинг сесија на Барса е утре, а во недела фудбалерите имаат слободен ден.

Парламентарни избори 2020