вторник, 3. август 2021. Вести денес: 7
Вонредна вест

Стивнува пожарот во Кочани: Човечки жртви нема, пет лица се во болница- огнот сè уште не е целосно изгаснат

home Фудбал

Меси со рекорден гол за Аргентина на официјален натпревар

Меси со рекорден гол за Аргентина на официјален натпревар

Репрезентацијата на Аргентина синоќа одигра 1:1  против Чиле во 1. коло од групната фаза на фудбалскиот Куп на Америка. Резултатот го отвори аргентинскиот капитен Лионел Меси во 33. минута, кој погоди со директен удар од слободен удар.

Ова е 73. гол на 33-годишниот напаѓач за репрезентацијата, на својот 145. натпревар.

Воедно, Меси го постигна 39. гол за „гаучосите“ на еден официјален натпревар. Тој стана рекордер во земјата, надминувајќи го достигнувањето на Габриел Батистута. (МИА)

Коронавирус