среда, 17. јули 2019. Вести денес: 0
home Фудбал

Меси со повреда по победа над Валенсија

Меси со повреда по победа над Валенсија

Суперѕвездата на Барселона, Лионел Меси ги загрижи навивачите откако го доигра натпреварот со Валенсија кривејќи на едната нога, но првичните информации се дека не добил сериозна повреда.

Аргентинецот настрада минути пред крајот на дуелот, кој заврши 2:2, а проблемот беше во препоните по удар од противнички играч, но се смета дека станува збор само за мускулно истегнување.

Тестовите веднаш по мечот исклучија нешто понепријатно, а утре се очекува да помине повеќе тестови. Во оваа фаза тој е под знак прашалник за дербито со Реал за Кралскиот Куп, но во клубот се оптимисти дека ќе игра.

„Меси го заврши натпреварот со болки и ќе треба да почекаме што ќе кажат лекарите“, објави тренерот Ернесто Валверде по судирот.

Напаѓачот ги реализира и двата гола за својот тим во натпреварот против Валенсија и се надеава дека нема да пропушти уште еден натпревар против големиот ривал, откако во есен не играше поради фрактура на раката, но и без него Барса победи со 5:1