вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 192
home Фудбал

Меси со неверојатно барање до управата на Барселона: За тренер го сака човекот кој го врати Лидс во елитата

Меси со неверојатно барање до управата на Барселона: За тренер го сака човекот кој го врати Лидс во елитата

Јасно е дека Лионел Меси не е голем фан на актуелниот стратег на Барселона, Кике Сетиен.

Голема е веројатноста Сетиен да си оди од клубот и него да го замени друг тренер кој ќе треба да ги врати позитивните ветришта на „Камп Ноу“.

Најспоменувано име како нов можен тренер на Барселона е легендата на овој клуб, Чави кој во моментов е тренер на Ал Сад.

Сепак, сега „Сан“ пишува дека Лионел Меси имал едно неверојатно барање до управата на Барселона.

Имено, Аргентинецот побарал да се разговара со Марсело Бјелса кој по цели 16 години го врати тимот на Лидс во Премиер лигата.

Интересно е тоа што Бјелса останува без договор во следните неколку денови и се уште не е познато дали ќе продолжи да биде тренер на клубот од Јоркшир и во Премиер лигата.

Коронавирус