среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Меси прифатил да потпише нов договор со Барселона

Меси прифатил да потпише нов договор со Барселона

Најдобриот фудбалер на денешницата, Лионел Меси, одлучи да го продолжи договорот со Барселона до летото 2023 година.

Наводно, Меси во последно време бил во дискусија со раководството на каталоснкиот гигант, но во ниту еден момент не сакал да си замине, дури и ако има клаузула во неговиот договор според која би го напуштил клубот на крајот на секоја сезона.

Аргентинецот (32) целата професионална кариера ја помина во Барселона и во сите прилики реши да остане играч на каталонскиот клуб до крајот на кариерата, а тоа го потврди тоа со одлучување да го продолжи договорот до 2023 година.

Меси ужива во уште една убава сезона со Барселона, постигнувајќи 26 гола на 33 натпревари во сите натпреварувања, а оваа сезона е на добар пат да ја освои тулатата во Шпанија, како и трофејот во Лигата на шампионите.

Коронавирус