понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 149
home Фудбал

Меси повторно со сериозни проблеми: Му се “закануваат“ даночните власти

Меси повторно со сериозни проблеми: Му се “закануваат“ даночните власти

Капитенот на Барселона, Лионел Меси, повторно е осомничен за затајување данок преку хуманитарната фондација, вели шпанското издание „El Confidencial“.

Во материјалот се вели дека суд во Буенос Аирес добил жалба за нелегални активности на организацијата на фудбалерот на Барселона во териториите на Аргентина и Шпанија.

Се проценува дека фондацијата добила огромни средства од приватни донатори и компании за реализација на различни хуманитарни проекти, но никаква активност во врска со нив не е извршена.

Во исто време во периодот 2012-14 година парите биле пренесувани во вообичаените за „затајувачите“ офшор сметки во различни земји во светот.

Меси веќе имаше проблеми со даночните власти. Минатата година тој постигна договор и доби 21 месец условна казна и парична казна од 2,1 милиони евра поради неплатени давачки за периодот 2007-09 година.

Како што е познато, според шпанското законодавство пресудите до две години за економски криминал секогаш се условни.

Коронавирус