среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 82
home Фудбал

Меси повеќе не е фудбалер на Барселона

Меси повеќе не е фудбалер на Барселона

Заврши договорот со кој каталонскиот гигант Барселона на располагање ги имаше услугите на најдобриот фудбалер на денешницата, Лионел Меси. Новиот се уште не е потпишан, а за фудбалските фанови аргентинскиот интернационалец веќе има статус на слободен играч.

Сите верни фанови на Барса со месеци беа во паника дека ќе дојде и тој ден, но тоа не значи дека Лео ќе си замине од „Ноу Камп“. Сите фудбалски медиуми во Шпанија се убедени дека капитенот ќе ја продолжи соработката и ќе потпише нов двегодишен договор.

Ние сакаме Лео да остане и Лео сака да остане во Барселона. Се е на вистинската патека. Моментално имаме проблем со Финансикиот фер-плеј и работиме на тоа да го најдеме идеалното решение за сите страни, изјави првиот човек на каталонскиот гигант, Жоан Лапорта.
Сепка, тоа што се уште го нема потпишано договорот предизвикува горчлив вкус во устата кај сите фанови на Барселона кои не сакаат да го видат омилениот фудбалер како носи дрес на некој друг далеку побогат клуб кој може да си ја дозволи платата која ја посакува Меси.

Дека ситуацијата е далеку од идеална покажува и фактот дека Меси нема договор до клубот во кој помина 21-година од својот живот.

Аргентинецот пред една недела го прослави 34. роденден и иако не може веќе да игра на највисокото можно ниво, тој и понатаму е дел од групата со најдобри фудбалери на денешницата. Во изминатата сезона постигна 30 погодоци и убедливо ја освои наградата за најдобар стрелец во Ла Лига. Меси постигна вкупно 38 погодоци во сите натпреварувања и додаде 14 асистенции.

Коронавирус