понеделник, 1. март 2021. Вести денес: 185
home Фудбал

Меси по 750 настапи за Барса: Горд сум што имам толку многу натпревари во овој дрес

Меси по 750 настапи за Барса: Горд сум што имам толку многу натпревари во овој дрес

Капитенот на Барселона, Лионел Меси се огласи откако стигна до 750 натпревари за каталонскиот клуб.

– Огромна е гордоста да се постигне овој број на натпревари во дресот на Барселона, истакна Меси.

Аргентинецот има одиграно 750 официјални натпревари за Барса, на кои постигна 644 голови. Тимот со него победи на 524 натпревари, загуби 88 натпревари, ремизираше на 138 средби.

Неделниот меч со Хуеска беше 500-ти за Аргентинецот во шпанската Ла Лига.

Коронавирус