вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 50
home Фудбал

Меси: Не знам дали Барселона стори сé што е можно за да го врати Нејмар

Меси: Не знам дали Барселона стори сé што е можно за да го врати Нејмар

Најдобриот фудбалер на Барселона, Лионел Меси призна дека би сакал Нејмар да се врати во клубот. Во минатото трансфер прозорец, Каталонците преговараа со ПСЖ за трансфер на Бразилецот, но не можеа да се договорат.

– Не знам дали Барса направи се што е можно за да го врати Нејмар, но вистината е дека преговорите со ПСЖ не се лесни. Би сакал Нејмар да се приклучи на нашиот клуб, истакна Меси.

Од спортска гледна точка, Нејмар е еден од најдобрите во светот. Клубот исто така ќе направи прогрес во однос на правата за преноси и спонзорите. Јас лично никогаш не побарав да биде донесен Нејмар. Сè што направив беше да го искажам своето мислење. Немам разочарување што не се врати. Барселона има импресивен список што може да се бори за сите трофеи, дури и без Нејмар, додаде Меси

Договорот на Бразил со ПСЖ е со важност до 30 јуни 2022 година, а неговата цената на фудбалскиот пазар е 180 милиони евра.