среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Меси: Не може да ни даваат голови во секој натпревар

Меси: Не може да ни даваат голови во секој натпревар
Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси зборуваше по синоќешното реми (1:1) со Атлетик Билбао дома, што е трет натпревар на каталонците без победа во првенството.
Аргентинецот изјави дека тимот одиграл добро и ги негираше тврдењата дека се наоѓа во криза.
– Можеше и да победиме во овој натпревар, но не успеавме. Знаеме што треба да се подобри и ќе го направиме тоа. Играта во одбрана е она што ни пречи. Не може да ни даваат голови во секој натпревар. Штета за она што се случи во последните средби, но навивачите треба да се спокојни, бидејќи имаме добар тим кој е способен за подобри резултати, прокоментира Меси.

Коронавирус