петок, 5. март 2021. Вести денес: 95
home Фудбал

Меси може да го пропушти Суперкупот на Шпанија

Меси може да го пропушти Суперкупот на Шпанија

Тренерот на Барселона, Роналд Куман изјави дека напаѓачот на каталонскиот тим, Лионел Меси, може да го пропушти финалето на Суперкупот на Шпанија, поради повреда.

– Треба да почекаме неколку дена за да видиме дали Лео ќе може да игра во финалето, истакна Куман.

Триесет и тригодишниот Аргентинец го пропушти полуфиналето во Суперкупот на Шпанија против Реал Сосиедад (1:1, 3:2 на пенали).

Во финалето, Барселона ќе се соочи со победникот од двојката Реал – Атлетик (вечер, 21 часот).

Финалето на Суперкупот на Шпанија ќе се игра на 17 јануари.

Коронавирус