среда, 8. декември 2021. Вести денес: 61
home Фудбал

Меси контра судијата од вчерашниот натпревар: Секогаш ни го прави тоа

Меси контра судијата од вчерашниот натпревар: Секогаш ни го прави тоа

Репрезентацијата на Аргентина иако не блескаше, го победи Перу во рамките од квалификациите за Светското првенство во Катар.

По овој натпревар на кој „гаучосите“ славеа со 1:0 свој коментар даде Лионел Меси кој не пропушти прилика да го коментира судењето на средбата.

– Тежок натпревар, тешко беше да се игра. Имаше многу ветер, а противникот се бранеше длабоко и ни оставаше многу малку простор.

– Судијата го правеше она што го прави секогаш кога суди против нас. Мислам дека тоа го прави намерно. Сепак ги освоивме трите бода и сега сме поблиску до целта,-напиша Меси на социјалните мрежи.

Меси го критикуваше гланвиот судија Вилтон Сампаио поради тоа што во 65. минута досуди пенал за Перу кој не го реализираше Жотун.

Коронавирус