понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 8
home Фудбал

Меси конечно пронајде дом во Париз: Нема да живее во замок и ќе плаќа кирија од 20.000 евра месечно

Меси конечно пронајде дом во Париз: Нема да живее во замок и ќе плаќа кирија од 20.000 евра месечно

Откако се пресели во ПСЖ, Лионел Меси заедно со сопругата Антонела Рокуцо и трите сина престојуваа во луксузниот париски хотел Ројал Монс каде цената за едно ноќевање достигнува и до 9.000 евра.

Тоа беше привремена опција, и се чини дека по едномесечна потрага, Меси и семејството конечно пронајдоа дом во Париз, пренесува РМЦ спорт.

„По еден месец поминати со семејството во хотелот Ројал Монс, Меси ги прилагоди своите барања на париските пазар на недвижнини“, пишува РМЦ Спорт.

Станува збор за куќа која се наоѓа во елитниот дел на Париз „Neuilly-Sur-Seine“, каде први соседи ќе му бидат клупските колеги од ПСЖ но и од аргентинската репрезентација, Анхел ди Марија и Леандро Паредес.

– Бараат дом каде што живееме ние. Мислам дека тоа е најдобро за нив бидејќи можеме да им помогнеме доколку им е потребно оти сме многу блиску – изјави Ди Марија минатата недела.

За изнајмување на луксузната куќа која има 300 квадратни метри и е на два спрата со четири спални соби и голем двор, Лео Меси месечно ќе плаќа по 20.000 евра.
Новиот дом на семејството Меси нема внатрешен базен што беше нивна голема желба.

Со ова отпадна идејата Меси да се пресели во луксузен замок во близнина на Париз чија вредност е проценета на неверојатни 40 милиони евра.
Лионел Меси потпиша двегодишен договор со ПСЖ, со можност истиот да биде продолжен на уште една година.

Локални избори 2021