среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 180
home Фудбал

Меси ќе го следи патот на Роналдо?

Меси ќе го следи патот на Роналдо?

Пред само неколку дена порашениот прв човек на Интер, Масимо Морати, кој му ги донесе најголемите успеси на тимот, освоена триплета, изјави дека Лионел Меси не е невозможна мисија и не е забрането се мисли на тоа.

Додека многумина помислија дека тоа е само сон на Интер, новинарот Мартин Кастиља, кој работи за ТНТ Спортс, пишува дека „Нероаѕурите“ сакаат Меси следната сезона да играат за нив,

Тој тврди дека во оваа приказна има „месо“ и дека тоа не е само сон. Ако го прифати повикот, по две години пауза Меси ќе го обнови ривалството со Роналдо, со кој во Шпанија се „тркаше“ девет сезони.

Ако Интер биде упорен, тогаш ќе се обиде да го искористи моментот во кој Меси, пред прекинот на сезоната, јавно зборуваше дека е незадоволен од односот со раководството, кое според него некоректно се однесува кон играчите. Плус, договорот на Аргентинецот му истекува следното лето, а преговори нема.

Но, сепак има еден друг голем неоспорен факт, а тоа е дека Меси годишно заработува 70 милиони евра заедно со бонусите. Дали Интер има сили за такво нешто, во моментов е тешко да се каже.

 

Коронавирус