среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 99
home Фудбал

Меси има неостварлива желба, да не биде популарен

Меси има неостварлива желба, да не биде популарен

Капитенот на Барселона, Лионел Меси, откри во интервју за шпанските медиуми дека има потреба од приватност.

– Свесен сум и благодарен за поддршката што ја имам ширум светот, но би сакал да бидам анонимен, да можам со децата да отидам во кино, во продавница, ресторан … Точно е дека сум привилегиран поради животот што го имам, но постои и другата страна. Мојот живот честопати не е само моја приватна работа, изјави Меси во интервју за телевизиската станица „Ла Секста“ (La Sexta).

Меси во разговорот откри и оти најдобра соработка во кариерата имал со Пеп Гвардиола и Луис Енрике.

– Пеп Гвардиола имаше нешто посебно, тешко e дури и да се објасни. Имаше исклучителен пристап кон играчите, неговите тактички реакции беа едноставни, а многу продуктивни. На секому му беше јасно што треба да прави и како да стигнеме до резултат. И Луис Енрике беше сличен. Од нив научив како да го разберам фудбалот, покрај нив напредував и како играч, рече Меси. (МИА)

Коронавирус