четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 133
home Фудбал

Меси го знае „кртот“ кој ги објави сите детали од неговиот договор со Барселона

Меси го знае „кртот“ кој ги објави сите детали од неговиот договор со Барселона

Лионел Меси планира да поднесе тужба против едно лице кое во минатото било дел од раководството на Барселона.

Пред неколку дена јавноста беше шокирана откако „Ел Мундо“ ги објави деталите од договорот на Меси кој за 4 години ќе заработи 555 милиони евра, односно околу 139 милиони евра годишно.

Аргентинецот смета дека деталите од договорот не ги објавил поранешниот претседател на клубот Жозеп Бартомеу, туку тоа бил Карлес Тускетс, кој во минатото беше дел од управата на тимот.

Тускест и претходно зборуваше дека Барселона мора да го продаде Меси затоа што многу пари се одвојуваат на неговата плата.

ЕУРО 2020

Македонија