сабота, 1. октомври 2022. Вести денес: 70
home Фудбал

Меси го сруши рекордот на Милер

Меси го сруши рекордот на Милер

Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси на синоќа на дуелот во Сан Себастијан против Реал Сосиедад го постигна четвртиот гол во триумфот на Каталонците (4:2) и го сруши рекордот на легендарниот германски фудбалер Герд Милер по бројот на постигнати голови во еден клуб од петте најсилни фудбалски лиги во Европа.

Меси го постигнаа 366. гол во дресот на Барселона и го престигна Милер кој за Баерн во периодот од 1964-1979 за Баерн постигна 365 гола во Бундеслигата.

Милер погодоците ги реализира на 427 натпревари, додека Аргентинецот досега одигра 401 натпревар за Барселона.

Коронавирус