среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Меси го откри својот омилен клуб: Сон ми е еден ден да заиграм за нив!

Меси го откри својот омилен клуб: Сон ми е еден ден да заиграм за нив!

Еден од најдобрите фудбалери на планетата, Лионел Меси, целата своја кариера ја мина во редовите на каталонскит гигант Барселона, за која има одиграно 456 официјални натпревари и има постигнато 421 гол.

Во интервју за „TyК Спорт“, Меси зборуваше за многу работи, вклучувајќи го и ова дека никогаш до сега освоените титули не би ги заменил за титулата – светски шампион. Тој исто така говореше и за главната разлика помеѓу аргентинскиот и шпанскиот фудбал, како и за средбата која за него би претставувала сон.

Ривер – Бока или дербито со Росарио е идентично како и Реал – Барса, но во Аргентина луѓето се многу луди. Неуспех на дербито значи многу. Во Шпанија, кога губите, ништо не се случува. Во Аргентина, не можете да излезете од дома и тоа е лудо, но така е. Луѓето го доживеаја фудбалот на тој начин. Секојдневното лудило се пренесува и во фудбалот, истакна Меси.

Меси отсекогаш бил обожавател на „Олд Бојс“ и неговиот сон би бил да заигра на градското дерби против Росарио Централ.

Играњето на тоа дерби е застрашувачко. Тоа е сон. Тие порано велеа дека сум фан на Ривер, тоа беше кога игравме во финалето на Светското првенство. Тие исто така рекоа дека навивам за Интепендиенте затоа што носев нивна маичка како дете, но само ми се допадна маицата, ништо повеќе. Секогаш навивав за „Олд Бојс“ и сеуште навивам за нив, додаде фудбалерот на Барселона.