петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 201
home Фудбал

Меси ги разочара Јувентус и Сити, Бартомеу пред отказ а навивачите во исчекување!

Меси ги разочара Јувентус и Сити, Бартомеу пред отказ а навивачите во исчекување!

Лионел Меси потврди, останува во Барселона и во новата сезона и покрај желбата да го напушти клубот и да се пресели во Манчестер Сити.

Се чини покрај Меси, големо разочарување има во Манчестер, каде што Пеп Гвардиола го очекуваше до крајот на овој преоден рок.

Од друга страна, во Торино имаа скриена желба да го донесат, Јувентус планираше да го ослободи Роналдо и да го донесе Меси но и ова пропадна. Бартомеу засега останува претсетадел на Барселона, иако извесно е дека ќе биде сменет во скоро време.

Навивачите на Барселона се во бунило, што значи ова останување на Меси. Аргентинецот призна дека сакал или не мора да остане. Колку ќе се труди или ќе се чува во следната сезона ќе видиме, но јасно е дека Меси ќе биде под лупата на светската јавност.

Трансфер сагата на Меси заврши со неговата изјава: Не сакам да одам на суд со Барселона, не против клубот кој го сакам. Ако тоа е единствениот начин за да си заминам, ќе останам.

Локални избори 2021