недела, 20. септември 2020. Вести денес: 44
home Фудбал

Меси е најплатениот фудбалер на планетава, еве кои се зад него

Меси е најплатениот фудбалер на планетава, еве кои се зад него

Аргентинската фудбалска ѕвезда, Лионел Меси е на врвот на листата на најплатени фудбалери во светот за 2020 година, објавени американскиот магазин „Форбс“.

Според изданието, годишната плата на фудбалерот на Барселона е 126 милиони долари, а второто место на рангирањето го зазеде фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо со заработка од 117 милиони долари годишно.

Третото место е за Бразилецот Нејмар од ПСЖG, чии приходи годинава се проценуваат на 96 милиони долари, а го следи неговиот соиграч Килијан Мбапе (42 милиони долари).

Петтото место го зазеде Мохамед Салах од Ливерпул со заработка на годишно ниво од 37 милиони долари, а меѓу 10-те најплатени фудбалери се Пол Погба од Манчестер Јунајтед (34), Антоан Гризман од Барселона (33), Герет Бејл од Реал Мадрид (29), Роберт Левандовски од Баерн Минхен (28) и Давид де Хеа од Манчестер Јунајтед (27).

Коронавирус