петок, 21. јануари 2022. Вести денес: 58
home Фудбал

Меси донел одлука за својата иднина, нема уште долго да игра елитен фудбал

Меси донел одлука за својата иднина, нема уште долго да игра елитен фудбал

„Ел Национал“ тврди дека Лионел Меси веќе донел одлука како ќе се одвива неговата фудбалска кариера досамиот крај.

Според шпанскиот весник, Меси ќе го испочитува договорот со ПСЖ, ќе остане во клубот до јуни 2023 година, а тоа ќе биде последниот негов клуб во Европа.

Потоа Аргентинецот планира да замине во Мајами каде што веќе има и куќа, ќе игра неколку години во МЛС за Интер Мајами кој е во сопственост на Дејвид Бекам, по што ќе стави крај на фудбалската кариера.

Но, Меси не планира сам да оди во САД, планира со себе да го земе и Луис Суарез и заедно да играат за Мајами Интер. Двајцата се многу добри пријатели.

Ваквиот план наводно е креиран уште кога заедно биле во Барселона. Идеата им била да останат во Барса заклучно со сезоната во која е Светското првенство во Катар, а потоа да заминат во Мајми со своите фамилии.

Во меѓувреме Суарез замина во Атлетико Мадрид, Меси во ПСЖ, но се верува дека планот за Мајами останува.

Коронавирус