недела, 8. декември 2019. Вести денес: 0
home Фудбал

Мертенс го престигна Марадона по број на голови за Наполи

Мертенс го престигна Марадона по број на голови за Наполи

Белгискиот фудбалер Дрис Мертенс го постигна својот 115. и 116. гол за Наполи во натпревар од 3. коло од групната фаза од Лигата на шампионите синоќа на гостувањето кај Салцбург.

Во овој статистички индикатор Мертенс го престигна легендарниот Диего Марадона, кој има 115 гола за Наполи.

Лидер во ефикасност за „наполитанците“ е Марек Хамшик кој има 121 погодок.